• недела, 22 декември 2024

Во Гостивар до 9 часот 2,19 проценти излезност, во Врапчиште 1,58, во Маврово Ростуше 3,43 проценти

Во Гостивар до 9 часот 2,19 проценти излезност, во Врапчиште 1,58, во Маврово Ростуше 3,43 проценти

Гостивар, 17 октомври 2021 (МИА) – Проблемите со апаратите за отчитување на отисоци на прсти што се појавија во утринските часови се надминати и гласањето во општина Гостивар се одвива непречено. Од вкупно 80.050 граѓани, на гласање излегле 1.777, што е 2,19 проценти, информираше потпретседателката на ОИК Гостивар, Ајше Османи.

Во ОИК Врапчиште до првиот пресек на гласање се одѕвале 1,58 проценти, односно 416 граѓани од вкупно запишаните 26.383 граѓани.

Од ОИК Маврово Ростуше на сите 39 избирачки места излегле 3,43 проценти од 10.144 лица со право на глас. згм/мд/

Остани поврзан