• понеделник, 23 декември 2024

Во ГОБ „8-ми Септември“ пуштени три нови сали за интервентна кардиологија и радиологија

Во ГОБ „8-ми Септември“ пуштени три нови сали за интервентна кардиологија и радиологија

Скопје, 8 септември 2023 (МИА) - Во ГОБ „8-ми Септември“ денеска беа пуштени во употреба три нови сали за интервентна кардиологија и радиологија. Салите се опремени со најсовремена апаратура која, освен за кардиолошките, ќе може да се користи и за пациентите од други оддели.

Како што истакна премиерот Димитар Ковачевски кој присуствуваше на пуштањето на салите, и покрај сите предизвици од економската и енергетската криза, обновувањето на здравствените капацитети не престанува.

Во ГОБ „8-ми Септември“ денеска беа пуштени во употреба три нови сали за интервентна кардиологија и радиологија. Салите се опремени со најсовремена апаратура која, освен за кардиолошките, ќе

Според него, се создаваат услови за најсовремени интервенции за пацентите ширум државата, а фокусот на Владата е да создаде модерно здравство.

-Пуштаме во употреба најсовремена опрема во три сали за интервентна кардиологија и радиологија со десет апарати. Се работи за најсовремена опрема, еден дел од апаратурата е прв пат тука инсталирана во држава и не постои во ниту една друга јавна здравствена установа, а помага и за кардиолошки пациенти и за пациенти од други оддели, напомена Ковачевски.

Министерот за здравство Фатмир Меџити оцени дека со трите нови сали се создадени услови за интервентни кардиолошки и радиолошки процедури кои во исто време може да е практикуваат на повеќе апциенти.

-Заедно со премиерот ги видовме трите сали за кардилогија и интервентна радиологија опремени со нови ангиографи. Со ова се создадени услови за интервентни кардиолошки и радиолошки процедури кои во исто време може да е практикуваат на повеќе апциенти, истакна министерот.

Директорот на ГОБ „8-ми Септември“ Христијан Костов рече дека со новата опрема ќе се намали времето на чекање за правење коронарографии, каротидографии и стентирања. мч/аа/

фото: МИА архива/принт скрин

Остани поврзан