Во Германија приведени пет лица под сомнение дека извезувале индустриски производи во Русија
- Осомничените се приведени како дел од националните рации насочени кон поширока мрежа создадена за да ѝ овозможи на Москва да ги заобиколи санкциите на ЕУ воведени поради војната во Украина, соопшти германското Федерално јавно обвинителство
Берлин, 2 февруари 2026 (МИА) - Германската полиција приведе пет лица под сомнение дека набавувале индустриски стоки за Русија спротивно на санкциите на ЕУ, соопштија од Обвинителството.
- Осомничените се приведени како дел од националните рации насочени кон поширока мрежа создадена за да ѝ овозможи на Москва да ги заобиколи санкциите на ЕУ воведени поради војната во Украина - соопшти германското Федерално јавно обвинителство.
Се претпоставува дека приведените лица користеле фиктивна компанија за купување индустриски стоки и нивно извезување во Русија овозможувајќи им да ги заобиколат трговските ограничувања.
По целосната руска инвазија на Украина во февруари 2022 година, ЕУ воведе сеопфатни економски санкции, вклучително и врз трговијата, финансиите, енергетиката, индустријата, транспортот и луксузните стоки, со цел да се ограничи способноста на Русија да ја продолжи војната.
Сепак, Русија пронајде начини да ги заобиколи казнените мерки, вклучително и со користење фиктивни компании и нејзината флота во сенка, мрежа од танкери што се користат за заобиколување на санкциите за продажба на нафта. ми/јт/
фото: МИА архива