• петок, 22 ноември 2024

Во Германија минатата година една четвртина од возовите доцнеле

Во Германија минатата година една четвртина од возовите доцнеле

Берлин, 5 јануари 2022 (МИА) - Една четвртина од брзите патнички возови на германската железница со задоцнување пристигнувале на својата крајна дестинација во 2021 година. Тоа е значително влошување во однос на претходната година, соопшти денеска раководството на компанијата.

„Во просек, само 75,2 отсто од брзите меѓуградски возови ICE и IC пристигнаа на својата дестинација навреме или со доцнење до шест минути“, се вели во соопштението на Дојче Бан (Deutsche Bahn).

Во 2020 година 82 отсто од возовите точно пристигнале на својата дестинација, што значи дека по доцнењето, ДБ се враќа на состојбата пред пандемијата, што е далеку од долгорочните цели поставени од железницата. Само оние возови кои доцнат шест или повеќе минути се вклучени во статистиката за доцнење.

ДБ ја оправдува негативната статистика за доцнење во 2021 година со неколку фактори како што се поплавите што ја погодија западна Германија во средината на летото и кои значително ја оштетија железничката инфраструктура. Дополнителна причина е штрајкот на машиновозачите.

Доколку возот доцни повеќе од еден час, патниците имаат право на враќање на 25 отсто од цената на билетот, а во случај на доцнење од 120 минути или повеќе до 50 отсто. паг/

Остани поврзан