• недела, 28 јули 2024

Во Гевгелија почна реализација на проект за вработување во земјоделскиот сектор

Во Гевгелија почна реализација на проект за вработување во земјоделскиот сектор
Гевгелија, 17 јуни 2022 (МИА) - Фондацијата за локален развој и развој на информатички технологии од Гевгелија денеска почна со имплементација на ИПА проектот за иновации, развој и вработување во земјоделскиот сектор, кој се реализира во рамки на прекуграничната соработка со Република Грција. На денешниот работен состанок во Гевгелија, со кој официјално е означен почетокот на проектот, присуствуваа претставници од партнерите во проектот, Американското земјоделско училиште во Солун, од мрежата за рурален развој од Скопје, како и претставници од заедничкиот технички секретаријат од Солун кои се задолжени за мониторинг на проектните активности. Партнерските организации од Гевгелија и Солун, со заедничкиот проект што е целосно финансиран од ЕУ и националните фондови на Република Северна Македонија и Грција, аплицирале во вториот повик од ИПА програмата за прекугранична соработка за програмскиот период од 2014 до 2020 година. им/мс/

Остани поврзан