• понеделник, 23 декември 2024

Пожарот на планината Мукос ќе го гаснат воздухоплови и припадници на Армијата и МВР

Пожарот на планината Мукос ќе го гаснат воздухоплови и  припадници на Армијата и МВР

Скопје, 25 август 2024 (МИА) -  Во гаснење на пожарот на планинатата Мукос во Општина Чашка утре ќе се вклучат два воздухоплова и по 25-ца припадници на Министерството за внатрешни работи и на Армијата, како поддршка на  екипите на Национални шуми кои прават пресеци за да стопираат проширување, информираше попладнево Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Главниот штаб на ЦУК вчера во 18.50 часот добил информација за пожарот од концесионерот на ловиштето на планината Мукос со слика и локација. Утврдено е дека се работи за пожар кој бил активен од 6. до 18. месецов и бил целосно изгаснат. 

-На барање на градоначалникот на Чашка за воздухопловна поддршка и дополнителен број човечки ресурси, Главниот штаб на ЦУК донесе заклучок утре во 06:30 часот да упати 25 припадници на МВР,  25 припадници на Армијата како и два воздухоплова за воздушна подршка на силите распоредени на терен. Денеска Национални шуми прават пресеци за да го ограничат пожарот да неможе да се движи кон селото и манастирот Свети Никола, информира ЦУК.

Посочуваат и дека за пожарот немало пријава преку бројот за итни случаи 112 и Секторот за операции и коорднација на ЦУК. 

На територијата во државава е активен пожар и во Општина Ресен, на планинатата Галичица, а под контрола е пожарот во Општина Демир Хисар, на Плакенска планина. лв/

фото:МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан