• петок, 20 март 2026

Во Галерија КО-РА семестрална изложба на студентски проекти „Домување, обликување, движење“

Во Галерија КО-РА семестрална изложба на студентски проекти „Домување, обликување, движење“

Скопје, 26 февруари 2026 (МИА) - Во рамките на културната понуда на Град Скопје како европска престолнина на културата 2028, во галеријата КО-РА во Домот на културата „Кочо Рацин“ вечерва ќе биде отворена семестрална изложба на студентски проекти „Домување, обликување, движење“. 

Оваа групна изложба на студентски проекти е во рамките на соработката помеѓу ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ - Скопје и Факултетот за архитектура - МИТ универзитет - Скопје, како и во рамките на програмата, која има цел да ги афирмира и студентските проекти на студентите од Факултетот за архитектура преку семестрални и годишни изложби и нивните визии за домување, обликување, движење во релација со современите тенденции во сферата на архитектурата и визуелната уметност, применетата уметност, ентериерот, хортикултурата, оддржливиот развој и друго. ев/лв/

ФОТО: Галерија КО-РА 

Остани поврзан