• недела, 22 декември 2024

Во воздушен напад во Етиопија загинаа 15 цивили

Во воздушен напад во Етиопија загинаа 15 цивили

Адис Абеба, 23 февруари 2024 (МИА) - Најмалку 15 цивили загинаа денеска во воздушен напад врз камион во регионот Амхара во Етиопија, каде што етиопската армија има судири со милитантни групи. Меѓу жртвите има жени и деца, пренесуваат британските медиуми.

Некои од жртвите бегале од конфликтот, додека други се враќале дома од церемонијата на крштевање.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Во конфликтот меѓу етиопските војници и милитантната група Фано, што трае од јули минатата година, досега се убиени повеќе од 200 лица, се наведува во извештајот на Обединетите нации.

Конфликтот во Амхара избувна помалку од една година откако владата постигна мировен договор во ноември 2022 година за ставање крај на двегодишната граѓанска војна во соседниот регион Тиграј, во која загинаа стотици илјади лица.

Милитантната група Фано се бореше заедно со етиопската армија против бунтовниците во Тиграј, но по завршувањето на конфликтот, тие ја обвинија етиопската Влада дека се обидува да ја поткопа безбедноста на Амхара. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан