Во Виница вечерва проекција на филмот „Уште една игра“
- Во кино салата на Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница вечерва ќе се одржи проекцијата на филмот „Уште една игра“ (One More Game) на режисерот Ник Јансен.
Виница,18 март 2026 (МИА) - Во кино салата на Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница вечерва ќе се одржи проекцијата на филмот „Уште една игра“ (One More Game) на режисерот Ник Јансен.
Филмот ја следи приказната за Мартин, 16-годишник од Чучер-Сандево, кој сонува да стане професионален гејмер. Неговата страст за е-спортот го носи пред серија предизвици и избори – помеѓу соништата, пријателството и очекувањата на околината
Музика за филмот ја има напишано Кирил Џајковски. Настапуваат Тони Михајловски, Гоце Андонов, Zephaniah Terry, Жаклина Стефковска, Александра Пашевска, Марија Јанчевска, Марјан Наумов , Далиа Стоименова, Јасмина Василева, Ведран Чешарек и Петар Манич.
Проекцијата започнува во 19 часот. ис/вј/
Фото: Плакат на ДК „Тошо Арсов“