Во велешката болница нема ковид пациенти
- На инфективното одделение во велешката Општа болница нема потврдени ковид пациенти, ниту суспектни-сомнителни, информира портпаролот Елеонора Јованова.
Велес, 11 јули 2021 (МИА) - На инфективното одделение во велешката Општа болница нема потврдени ковид пациенти, ниту суспектни-сомнителни, информира портпаролот Елеонора Јованова.
- Од пациентот кај кого беше детектиран делта сој, завчера бил земен контролен брис и истиот бил негативен, по што тој е испишан од болничко лекување, информира д-р Јованова.
Вчера беше потврден и втор случај на делта сој во Велес. ад/аа/