• недела, 22 декември 2024

Во Велес ќе се одржи меморијален турнир во борење „Листон 2022“

Во Велес ќе се одржи меморијален турнир во борење „Листон 2022“
Велес,8 октомври 2022(МИА) - Во организација на Боречкиот клуб „Борец“ денеска во 11 часот во Спортската сала „Гемиџии“ во Велес  ќе се одржи меморијалниот турнир „Листон 2022“ во чест на големото боречко име Љубомир Коцев Листон и 41 година од неговата смрт. На турнирот ќе настапат боречките клубови „Борец“, „Балканец“ Штип, „Лирија“ Скопје, „Бучим“ Радовиш, Неготино, „Вардар““ Скопје, „Студеничани“, „7 Мај“ Прилеп, БК „Киро Ристов““, БК „Карбинци“, „Спартак“ Кочани,„Тефејуз“ Скопје, и гости од соседните држави, информира за МИА, Игор Мицевски организатор, тренер на БК „Борец“. Тој очекува околу 80 учесници,а тоа се најмлади борачи од клубовите во земјава во категоријата од 9 до 15 години. Организаторот  ги повика сите љубители на спортот да дојдат во салата „Гемиџии“ и да ги бодрат младите и надежни борачи. Влезот за спортските натпревари во борење е бесплатен, а по натпреварите ќе им бидат врачени медали и пехари на најдобрите,информира Мицевски. ад/лв/

Остани поврзан