Во Велес се одржаа 55 Детски Рацинови средби
- Во изминатите два дена во Велес, градот на Рацин се одржаа 55 јубилејни Детски рацинови средби на кои учествуваа ученици од Велес и од основните и средни училишта од земјава, учесници на лит

Велес, 11 ноември 2022 (МИА) - Во изминатите два дена во Велес, градот на Рацин се одржаа 55 јубилејни Детски рацинови средби на кои учествуваа ученици од Велес и од основните и средни училишта од земјава, учесници на литературниот, ликовниот, рецитаторскиот и другите распишани конкурси. Средношколката Јана Костовска од Скопје, под менторство на проф. Снежана Станкова на завршната свеченост попладнево во салата „Бели Мугри“ во Велес ја доби Гран – при наградата за песна на тема „Рацин поет на болката и љубовта“.
Наградата Гран-При за ликовна творба ја доби седмоодделенката Даниела Теова од ООУ „Васил Главинов“ Велес под менторство на Снежана Стефановска.
На 55 детски Рацинови средби беа доделени многу пофалници и награди за прво, второ и трето место на литературниот и ликовниот конкурс за основци и средношколци од цела Македонија на тема „Рацин-поет на љубовта и болката“.

Годинава Детските рацинови средби ги организира ЗГ „Плус публика под покровителство и со финансиска подршка на Општина Велес.
Инаку Детските рацинови средби беа последна содржина од годинашната богата програма на Општина Велес, по повод 9 Ноември, Ден на ослободување на Велес и Ден на градот. ад/сст/