• петок, 05 јули 2024

Во Велес Свечена Академија за Сесловенските брака Св. Кирил и Методиј

Во Велес Свечена Академија за Сесловенските брака Св. Кирил и Методиј

Велес, 23 мај 2023(МИА) - На Свечена Академија по повод Денот на Сесловенските браќа Свети Кирил и Методиј во Општина Велес денеска беа доделени традиционалните награди на најдобрите просветни работници и ученици во 2023 година. 

За најдобар ученик во 2023 меѓу велешките основци беше прогласен и награден Христијан Саздовски, ученик на народни инструменти во ОМУ „Стефан Гајдов“. За најдобар ученик меѓу средношколците е прогласена Ана Бошкова, ученичка во втора година во Гимназијата „Кочо Рацин“. 

Воедно на свеченоста беше врачена и наградата на вчера одржаниот ораторски натпревар на тема  „Словото исконска светлина“ на кој првото место го освои Јана Пљоково ученичка во прва година  во велешката Гимназија „Кочо Рацин“

За најдобар наставник во велешките основни училишта е прогласена Сениха Брезева наставник по математика во ООУ„Панко Брашнаров“ а од средните училишта професорот по стручни предмети Марјанчо Малинов во ССОУ „Коле Неделковски“ .

Од името на наградените од говорницата се заблагодари професорката Сениха Брезева. Таа порача дека да се биде наставник е благодарна работа, додека за да се биде добар наставник потребно е да се вложи голем труд.

- И посветеност и амбициозност се потребни без неизбежната мотивација. Ако не се нашите ученици тогаш ние не би биле добри наставници. Затоа ние постоиме за нив. Ги охрабрувам сите колеги, просветни работници, својата работа да ја работат посветено и со љубов, порача професорката Брезева.

Наградите им ги врачи градоначалникот Марко Колев, кој од  говорница потсети  дека делото на Светите Кирил и Методиј е вечно и обединува.

- Тие се едни од најважните личности во создавањето на словенската азбука со која како корен се растегнува писмото на словенските народи. Со создавањето на глаголицата, Светите Кирил и Методиј ја поставиле основата на Кирилицата на која се заснова македонскиот јазик и македонскиот идентитет, порача градоначалникот Колев.

Свеченоста беше збогатена со богата културно уметничка програма. ад/сх/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан