• петок, 22 ноември 2024

Во Велес продолжува санацијата на тротоарите со бекатон коцки

Во Велес продолжува санацијата на тротоарите со бекатон коцки
Велес, 22 февруари 2022 (МИА) - Екипи на ЈКП „Дервен“ денеска ги поправаа оштетувањата и нерамнините на тротоарот на ул. „Благој Ѓорев“, на потегот од споменикот на Панко Брашнар до раскрсницата кај Гимназијата „Кочо Рацин“. Инаку, градежните работи започнаа во петокот, а етапно се работи на потегот од детското игралиште во населбата Тунел, по главната улица се’ до стоковната куќа НАМА во центарот на Велес. - Со поправка и нивелирање на сите оштетени делови од тротоарите каде има поставено бехатон коцки по ул. „Благој Ѓорев“, а кои повеќе години не беа поправани, им се овозможи полесно движење на пешаците посебно на мајките со колички и инвалидизираните лица,потенцираат од ЈКП„Дервен“. ад/цр

Остани поврзан