• понеделник, 25 ноември 2024

Во Велес и околината утре трето авионско прскање против комарци

Во Велес и околината утре трето авионско прскање против комарци

Велес, 10 август 2024 (МИА) - Општина Велес утре, во периодот од 05:00 до 08:00 часот, ќе го спроведе третото теристичко прскање против комарци.

Како што информираат од Општина Велес, границата на третирањето е: езеро „Младост“, село Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и село Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и село Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар езеро „Младост“ со непосредната околина.

Општина Велес ги извести и пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

Воедно доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 12 август 2024 (понеделник). ад/ир

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан