• недела, 29 декември 2024

Во Велес до 11 часот гласале 17,52 отсто за претседател и 17,48 проценти за пратеници

Во Велес до 11 часот гласале 17,52 отсто за претседател и 17,48 проценти за пратеници

Велес, 8 мај2024 (МИА) - Во Велес и велешко на сите 84 избирачки места до 11 часот на гласање во вториот круг за избор на претседател од запишани 44 858 на Единствениот избирачки список до ласале 7859 или 17,52 проценти од избирачите.

На Единствениот избирачки список од запишани 44 954 за избор на пратеници до 11 часот гласале 7855 или 17,48 проценти од избирачите, информираат за МИА, од ОИК Велес.

Во Општина Градско на 11 избирачки места од 3019 запишани граѓани на Единствениот избирачки список за избор на претседател до 11 часот гласале 576 или 19,08 проценти, а од 3024 на списокот за пратеници до 11 часот гласале исто така 576 или 19,05 проценти, изјваи за МИА Мери Седмакова Димовска претседател на ОИК Градско.

Појаснува дека сè се одвива во фер и демократска атмосфера и тие се во постојан контакт со избирачките одбори. Воедно се и на терен и ги посетуваат и ја следат нивната работа. ад/ир

 

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан