• понеделник, 23 декември 2024

Во Велестово откриена скулптура „Раката на поетот“ од Никола Пијанманов

Во Велестово откриена скулптура „Раката на поетот“ од Никола Пијанманов

Охрид, 12 август 2023 (МИА) – Во питоресткното, надезерско, село Велестово, денеска, во пресрет на триесет и петтото издание на „Поетска ноќ во Велестово“, на сретселото кај кладенецот, беше откриена скулптурата „Раката на поетот“ од уметникот Никола Пијанманов.

Пред присутните на настанот, мештани на селото, поети, ликовни уметници и бројни љубители на поетската реч, говореше заменик градоначалникот на општина Охрид, Перчо Божиноски.

-Oваа скулптура од Никола Пијанманов ја врзува нишката со сето ова „Раката на поетот” која ја црпи духовата врска на сите векови. Симболиката на значењето на изразот ,,камено срце” додава емоции на самата скулптура од патинирано железо која ги освојува луѓето. Скулпторот го храни каменот со себе си, а срцето се храни со каменот. Спој на страста и нежноста, сега поетот има своја претстава во ова извонредно дело и заедно со Велестово одат рака под рака под закрила на градот Охрид. Како Општина Охрид сме горди на овој момент затоа што нашите заложби се несебична поддршка за културата, рече Божиноски.

Во името на Организацискиот одбор на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“, се заблагодари Јулијана Величковска, а се обрати и познатиот уметник, Пијанманов, кој кажа дека при обликувањето на скулптурата, бил инспирирана од песната „Есен“ на големиот германски поет Рајнер Мариа Рилке.

Скулптурата е донација од уметникот за фестивалот, а реализацијата ја овозможи Општина Охрид.

Попладнево, со почеток од 18:00 часот, во кафе и бар „Шила“, во Охрид ќе се одржи интернационалното поетско читање „Прелудиум“ – преднастан годинешното издание на “Поетска ноќ” во Велестово.

Настапуваат девет поети од пет земји: Марија Дејановиќ (Хрватска), Ким Симонсен (Фарски Острови), ТаносГогос (Грција), Марио Де Роза (Италија), Марко Грегур (Хрватска), Долорес Атанасова ‒ Лори, Ѓоко Здравески, Марина Икономова Шокева и Сашо Огненовски од Македонија. цр/

Фото: Веле Митаноски

Остани поврзан