• сабота, 23 ноември 2024

Во Ваташа промовирана македонска автохтона кокошка 

Во Ваташа промовирана македонска автохтона кокошка 
Ваташа, 18 февруари 2023 (МИА) - Во кавадаречкото село Ваташа денеска беше промовирана македонска автохтона кокошка, во организација на здружението за одгледување на украсни птици и ситни домашни животни „К`днче“ од Кавадарци и д-р Перо Пењушков. Се работи за македонска автохтона кокошка – црцорка и џуџеста црцорка. 
 
 Д-р Пењушков дваесет години работел на стандардизација. Тој порача да се зачува оваа автохтона живина, но и да се промовира и надвор од Македонија.
 
- За живинарство се интересирам од најмали нозе. Отсекогаш во мојата фамилија се одгледувала и живина и покрупен добиток. Проектот се уште трае, се работи и сега на оваа проблематика, а ќе се работи и во иднина. Се работи за загрозена раса, во изумирање. Мојата идеја е што поскоро, да се врати во нашите дворишта. Една поговорка вели, храната што ја јадеме, тоа сме ние, рече Пењушков, нагласувајќи дека  пилешкото месо е доста ценето на трпезите, поради повеќе негови вредности, осврнувајќи се и на вредноста на јајцата од кокошки. 
 
Во Ваташа денеска беа присутни и претставници од Македонскиот сојуз на одгледувачи на украсни птици и живина, како и гости од Хрватска,  коишто исто така работат на промоција на тамошна автохтона живина, а им помагаат на македонските здруженија во процесот што го започнаа.свд/свс/

Тагови

Остани поврзан