• среда, 03 јули 2024

Во близина на Оландските Острови се насука фински крузер

Во близина на Оландските Острови се насука фински крузер
Хелсинки, 20 септември 2020 (МИА) - Крузер на финската компанија „Викинг лајн“ денеска се насука во близина на Оландски Oстрови, помеѓу Финска и Шведска. Финските власти соопштија дека нема повредени и оти се подготвува евакуација на патниците. Крузерот Аморела сообраќал од финскиот град Турку до Стокхолм, а на бродот има околу 200 патници и 80 членови на екипажот. ми/

Остани поврзан