Во близина на Капитол уапсено вооружено момче
- Во Вашингтон вчера е уапсено 18-годишно момче, кое со наполнета сачмарка трчало кон Капитол
Вашингтон, 18 февруари 2026 (МИА) - Во Вашингтон вчера е уапсено 18-годишно момче, кое со наполнета сачмарка трчало кон Капитол.
Полицијата соопшти дека момчето носело тактички елек и ракавици. Тој го спуштил оружјето на наредба на полицијата.
Инцидентот се случил помалку од три месеци откога еден војник на Националната гарда беше убиен, а друг ранет во заседа во близина на Белата куќа. ми/
фото: САД Капитол полиција