• понеделник, 23 декември 2024

Во Битола ќе се гради прифатилиште за бездомни кучиња

Во Битола ќе се гради прифатилиште за бездомни кучиња

Битола, 20 април 2023 (МИА) - Општина Битола, ја заврши постапката за избор на изведувач за изградба на настрешница во функција на објект за ветеринарна заштита. Станува збор за прва фаза од проектот за адаптација на прифатилиштето за кучиња, соопштија од Општина Битола.

-Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на подготвителните работи на изведувачот „МЗТ Инженеринг“, кој согласно склучениот договор, работните активности треба да ги заврши за 40 работни дена. Со проектната документација, предвиден е градежно - конструктивен, архитектонски дел и одводнување, со што комплетно ќе се создадат услови за ветеринарна заштита на бездомните кучиња. Вредноста на склучениот договор изнесува 4 милиони денари, информираа од тамошната локална самоуправа.

Со реализацијата на проектот конечно се пристапува кон конкретно решавање на долгогодишниот проблем со бездомните кучиња низ битолските улици, соопштија од Општината. мт/вг/

Фото: Општина Битола

Остани поврзан