• недела, 22 декември 2024

Во Битола се одржува Форум на ректори на универзитети од Југоисточна Европа и Западен Балкан

Во Битола се одржува Форум на ректори на универзитети од Југоисточна Европа и Западен Балкан

Битола, 11 септември 2024 (МИА) - Ректори на универзитети од Југоисточна Европа и Западен Балкан, денеска и утре во Битола го одржуваат деветтиот по ред Форум на ректори, комбиниран Европската Алијанса КОЛОРС.

Станува збор за еден од најголемите акакдемски настани на високо ниво што се одржува во Битола, а можеби и во Македонија, истакна Игор Неделковски, ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“, домаќин и организатор на форумот.

-Овие два дена во Битола се околу 60 ректори, проректори и други високи претставници од 15 држави во Европа. Главна тема на форумот е соработката меѓу универзитетските алијанси и иднината за функцонирање на универзитетите во Европа. Нашата цел е УКЛО достојно да биде претставен пред европската академска заедница, токму во годината кога одбележуваме 100 години од почетоците на битолскиот Универзитет, односно најстарата универзитетска единица, Институтот за тутун, 45 години од правното формирање на Универзитетот и 90 години од формирањето на првото студентско здружение во Битола и Македонија, нагласи Неделковски.

Според ректорот Неделковски, форумот на ректори позитивно ќе влијае врз вториот уписен рок на студенти бруцоши што ќе се реализира на 13 и 16 септември.

-Форумот претставува голем исчекот во развојот на универзитетот, посебно вклучувањето во Европската универзитетска алијанса КОЛОРС бидејќи ние повеќе несме мал регионален универзитет со 4.000 студенти и 500 вработени, туку стануваме дел од семејство со повеќе од 120.000 студенти и над 10.000 наставници и друг академски кадар. Сега сите наши студенти може да своите академски обврски да ги извршуваат на еден од деветте универзитети членки на КОЛОРС. Резултатот го воочивме уште при првиот уписен рок  на студенти кога имавме зголемување на интересот за упис за 30 проценти. Ова значи дека сега нашиот студент ќе може да студира дома, а да се стекна со европско образование, нагласи Неделковски.

Форумот на ректори и домачините ги поздравија претседателка на форумот на ректори и ректорка на универзитетот во Риека Снежана Самарџија Лилиќ и Торстен Маер, претседател на Европската Универзитетска Алијанса. мт/сст/

Фото: МИА

Остани поврзан