• петок, 22 ноември 2024

Во Битола се одбележува Денот на албанската азбука

Во Битола се одбележува Денот на албанската азбука
Битола, 19 ноември 2022 (МИА) - Националната установа Музеј на албанската азбука со повеќе програмски активности го одбележува претстојниот празник, 22 ноември Ден на албанската азбука. Културните манифестации се во тек, досега се одржаа средба на писатели, во Битола гостуваше театарот за деца и млади од Тетово, а денес поетски час ќе одржат членовите на здружението АБЦ-Поетика од Скопје, најави директорот на НУ Музеј на албанската азбука, Заит Алиу. -На денот на празникот, односно на 22 ноември во Битола ќе се одржат две пригодни манифестации. Претпладнето наш гостин ќе биде композиторот Михаљ Цико од Албанија кој ќе приреди музички рецитал на пијано, а попладнето во НУ Завод и Музеј-Битола ќе промовираме изложба „Ад Астра“ од уметникот Ваљмир Азири. Програмските активности посветени на празникот и Денот на албанската азбука во Битола ќе бидат заокружени со целовечерен концерт во Центар за култура на кој ќе настапат членовите на државниот ансамбл на албански народни игри и песни, потврди Алиу. Од НУ Музеј на албанската азбука-Битола соопштија дека за време на празникот ќе бидат посетени од гости од државата и странство, градоначалници, дипломати, научни работници и други лица кои изразиле желба да го видат Музејот со артефакти и документи од 1908 година, како и собата со восочни фигури на членовите на Комисијата која донесе одлука за унифицирање на албанската азбука. мт/мч/

Тагови

Остани поврзан