• среда, 04 декември 2024

Во Битола почна новогодишното украсување на градот

Во Битола почна новогодишното украсување на градот

Битола, 2 декември 2024 (МИА) - Во Битола почна новогодишното украсување на градот со кое ќе бидат опфатени Офицерскиот дом, Широк сокак, плоштадот Магнолија и Старата битолска чаршија.

Од секторот за односи со јавност на Општина Битола информираат дека украсувањето содржи многу нови елементи со кои се очекува низ битолските улици да се создаде посебна новогодишна атмосфера.

-Комплетното украсување на градот ќе биде завршено до 10 декември, а во меѓувреме се утврдува новогодишната програма „Зимска приказна“ која ќе се одвива од 20 декември до 6 јануари. Со оваа манифестација поттикнуваме културен туризам исполнет со концерти на локални и регионални бендови, како и детски претстави, информираа од Општина Битола.

Новогодишната „Зимска приказна“ ќе ја реализираат уметници и ансамбли од градот и државата. мт/дма/

Фото: Општина Битола

Остани поврзан