• вторник, 24 декември 2024

Во Битола потпишан меморандум за соработка меѓу АПРЗ и ФИКТ

Во Битола потпишан меморандум за соработка меѓу АПРЗ и ФИКТ

Битола, 24 декември 2024 (МИА) - Директорот на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ), Пеце Стојковски и  деканот на Факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ), Благој Ристевски, потпишаа меморандум за соработка, насочена кон примена и интеграција на информатичко-комуникациските технологии во земјоделскиот сектор.

Според потписниците на меморандумот, со новата соработка ќе се овозможи предлагање на иновативни решенија што ќе го унапредат и поттикнат одржливиот развој на земјоделството во Македонија.

Во рамките на соработката планирани се активности за развивање на дигитални алатки за управување со земјоделските процеси, организирање на обуки и работилници за примена на информатичко комуникациски технологии (ИКТ) во земјоделството и поттикнување на иновации преку заеднички апликативни и развојни проекти.

Потпишувањето на меморандумот се совпаѓа со јубилејот на ФИКТ-Битола, десет години од основањето на таа универзитетска единица. мт/дма/


Фото: АПРЗ-Битола

Остани поврзан