• петок, 22 ноември 2024

Во Битола ОПМ презентира проект за „Јакнење на правата на потрошувачите во финансиските услуги“

Во Битола ОПМ презентира проект за „Јакнење на правата на потрошувачите во финансиските услуги“

Битола, 7 октомври 2024 (МИА) - Организацијата на потрошувачите на потрошувачите на Македонија (ОПМ) во Битола денеска ги презентира активностите на ОПМ овозможени преку проектот „Јакнење на правата на потрошувачите во финансиските услуги“ финансиран од страна на Европската унија, преку Европската Организација за заштита на потрошувачите - BEUC.

ОПМ како овластено тело за заштита на колективните интереси на потрошувачите работи широко, особено кога и масовно оштетување на правата на потрошувачите од трговците, посочи Маријана Лончар Велкова, претседателка на ОПМ.

-Чекаме да се донесе Законот за парнична постапка со кој се предвидува колективна тужба и таа е значајна за потрошувачите, но на некој начин и заштита на бизнис секторот бидејќи ако има масовни тужби против одреден оператор или трговец, тогаш тој ќе биде прекумерно оштетен, а судот затрупан со предмети и затоа оваа колективна тужба за заштита на потрошувачи е битна. Ние очекуваме законите што поскоро да се донесат, посочи истакна Лончар Велкова.

На средбата во Битола се разговараше и за алатки кои сет на располагање при заштита на колективни интереси со фокус на дигиталната алатка „Пријави проблем за финансиски услуги“.

-Нашите потрошувачи години наназаед имаат проблеми со финансиските услуги и во таа смисла добро е што во рамки на овој проект ќе се направи дигитална алатка за директно пријавување на проблемите на потрошувачите до ОПМ, истакна Снежана Димитровска, претседателка на Организација на потрошувачите на Битола.

На работилницата во Битола учествуваа Здруженија на граѓани кои се занимаваат со еколошки проблеми, социјална грижа, дискриминација, Здружение на пензионери , Здруженија за заштита на жени, Здруженија за заштита на работнички права и претставници на инспекциските органи. мт/цр

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан