• недела, 22 декември 2024

Во Битола одбележани 60 години од смртта на Милтон Манаки

Во Битола одбележани 60 години од смртта на Милтон Манаки

Битола, 5 март 2024 (МИА) - Комуната на Власите „Браќа Манаки“ и Кино клубот „Браќа Манаки“ во соработка со Општина Битола на пригоден начин одбележаа 60 години од смртта на Милтон Манаки.

На влашките гробишта во Битола, за ликот, делото и аманетот на Манаки зборуваше Стефче Хаџиантоновски, а за традицијата што ја поддржува градот, градоначалникот Тони Коњановски.

-Локалната самоуправа е поддржувач на делото на браќата Манаки. Денешниот ден, 60 години од упокојувањето на Милтон Манаки го одбележуваме достојно, а институциите со гордост го носат името на Манаки. Како локална самоуправа ќе продолжиме со поддршка на делото на Манаки, на фестивалот на филмската камера, но и на се што остави и се наоѓа во опусот на браќата Манаки, истакна градоначалникот Коњановски.

Во рамки на манифестациите посветени на Милтон Манаки, вечер во битолското Кино „Манаки“ ќе бидат емитувани проекции од фондот на македонската Кинотека. мт/мд/

Фото: КВК „Манаки“-Битола

Остани поврзан