• четврток, 16 април 2026

Во Битола заврши реализацијата на проектот „Младински политики по мерка на младите“

Во Битола заврши реализацијата на проектот „Младински политики по мерка на младите“

Битола, 27 март 2026 (МИА) - Здружението на граѓаните за унапредување на развојните процеси „Про локал“ Битола, во рамки на проектот „Младински политики по мерка на младите“ и во соработка со Општина Битола, одржа завршен настан посветен на „Младите и менталното здравје“.

Проектот се реализираше во битолските средни училишта и со средношколските психолози, а за целите и остварувањата од проектот говореа Емилиа Ѓероска претседателка на здружението „Про локал“ и Марија Младеновска-Димитровска раководителка на проектот.

Учесниците на денешната панел дискусија ги поздрави градоначалникот Тони Коњановски кој ја повтори поддршката што Општина Битола ја дава на младите преку различни форми и содржини, а го истакна и значењето на Советот на младите кој како тело функционира во рамките на Општина Битола.

„Младите и менталното здравје“ се  реализира во рамки на проектот „Младински политики по мерка на младите“, во соработка со Цивика Мобилитас, а со поддршка на Амбасадата на Швајцарија.мт/

Фото: Општина Битола

Остани поврзан