• петок, 05 декември 2025

Во Битола без голови и по еден бод за Пелистер и Шкендија

Во Битола без голови и по еден бод за Пелистер и Шкендија

Битола, 6.октомври 2025 (МИА) – Последниот натпревар од 9.коло од Првата фудбалска лига одигран вечерва во Битола меѓу Пелистер и Шкендија заврши без голови – 0:0. Со нерешениот резултат и двата тима освоија по еден бод.

Екипата на Пелистер во дуелот со фаворитот остана непоразена и ја прекина серијата од пет порази во првенството, но остана на 10.место на табелата со 7 бодови.

Шкендија пак по трите победи, не извојува победа и се наоѓа на третата позиција на табелата со 21 бод, зад Струга со 23 и Вардар со 21.

Во домашното првенство следува пауза поради настапот на македонската фудбалска репрезентација во квалификациите за СП 2026. мн/

Фото: ФФМ

 

Остани поврзан