Во библиотеката „Искра“ во Кочани јубилејно 50. издание на ДПФ „Мајски цвет“
- Во ЈОУ библиотека „Искра“ во Кочани, денеска ќе се одржи педесетиот Детскио - поетски фестивал „Мајски цвет“.
Кочани, 9 октомври 2025 (МИА) - Во ЈОУ библиотека „Искра“ во Кочани, денеска ќе се одржи педесетиот Детскио - поетски фестивал „Мајски цвет“.
Ова јубилејно издание на фестивалот е посветено на осумдесетгодишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, што е тема на на која твореле учесниците по претходно распишан поетски конкурс.
На настанот ќе учествуваат ученици од училишта од Кочани и од други општини во регионот.
Програмата на 50. издание на ДПФ „Мајски цвет“ предвидува и ликовна работилница за декоративно пишување што ќе се реализира во соработка со Училиштето за цртање при НУЦК „Бели Мугри“ од Кочани. ис/
Фото: Библиотека „Искра“