• сабота, 10 август 2024

Во Берово започнува акцијата „Чист град без хаварисани возила и без приклучна механизација на јавните површини”

Во Берово започнува акцијата „Чист град без хаварисани возила и без приклучна механизација на јавните површини”
Берово, 23 ноември 2022 (МИА) - Во Берово почна акцијата „Чист град без хаварисани возила и без приклучна механизација на јавните површини“. Целта на акцијата, како што информираа од Општината, е решавање на проблемот со паркирани хаварисани возила, кои заземаат јавни површини и претставуваат лоша слика за Берово.
-Акцијата, согласно предвидената динамика, ќе се спроведе во две фази и тоа превентивна и репресивна. Во првата фаза, инспекциските служби, при Општина Берово, ќе се вршат континуирано информирање на граѓаните за нивните обврски, да ги отстранат возилата и приклучната механизација, поради попречување на одвивање на сообраќајот и загрозување на животната средина. Во втората фаза, доколку во најкраток можен рок, не ги отстранат возилата, ќе следи преземање на санкции, информираа од Општината.
Целта на оваа акција, како што додадоа, е да се евидентираат и отстранат нерегистрираните возила.
-Ова се однесува на хаварисаните и дотраените моторни возила и приклучната механизација, од јавните  површини. Исто така, целта е и да се создадат услови за безбеден и уреден сообраќај и здрава животна средина, додадоа од Општината.
Општина Берово во таа насока ги известува сопствениците, кои на јавни површини имаат паркирано хаварисани возила и приклучна механизација, веднаш да ги отстранат, од коловозот и тротоарите, односно од јавните површини. вс/сст/

Остани поврзан