• петок, 05 декември 2025

Во Белград заврши литературното попладне одржано од студентите кои се противат на блокадите

Во Белград заврши литературното попладне одржано од студентите кои се противат на блокадите

Белград, 28 јуни 2025 (МИА) - Поддржувачите на властите во Србија се наоѓаат покрај шаторите поставени на платото пред зградата на Собранието каде одржаа литературното попладне организирано од Студенти 2.0 (Студентите кои се противат на блокадите).

Во обраќање до медиумите пред самата програма, тие објавија дека победиле, дека факултетите почнуваат со работа и дека и од понеделник ќе одат на факултетски вежби, а потоа и на испити .

Нивната програма заврши со проекција на филмот „Сведоци на вековите - Високи Дечани“.

На студентите кои се противат на блокадите и на голем број граѓани претходно им се обратија неколку говорници кои ја истакнаа важноста на Видовден за српскиот народ.

На средбата присуствуваа претседателот на СНС Милош Вучевиќ, министрите Никола Селаковиќ и Адријана Месаровиќ, како и претседателот на Социјалистичкото движење Александар Вулин. зш/
фото МИА

Остани поврзан