• сабота, 07 февруари 2026

Во Атина средба Денков - Зеленски

Во Атина средба Денков - Зеленски

Атина, 22 август 2023 (МИА) – Премиерот на Бугарија, Николај Денков на денешната средба во Атина со украинскиот претседател Володимир Зеленски разговара за ситуацијата во регионот на Црно Море и функционирањето на „житниот коридор“, јави БТА.

Денков и Зеленски разговараа и за понатамошна соработка во одбраната на Украина. Според информациите од кабинетот на Денков, особено внимание посветиле на ситуацијата во регионот на Црно Море. Исто така разговараа и за соработката меѓу земјите од Црноморскиот регион за обезбедување стабилна безбедност во Црно Море и функционирањето на алтернативните патишта за извоз на жито.

Зеленски му се заблагодари на Денков за поддршката на украинската формула за мир, како и за подготвеноста на Софија да се приклучи на генералната декларација за поддршка на Украина, усвоена од земјите од Г-7 на Самитот на НАТО во Вилнус.

Денков повторно ја потврди својата принципиелна поддршка за Кримската платформа, трета средба на високо ниво што ќе се одржи утре во Киев. ми/

фото: Кабинет Зеленски

Остани поврзан