• понеделник, 23 декември 2024

Во Албанија почна аплицирање на трета доза вакцина против Ковид-19

Во Албанија почна аплицирање на трета доза вакцина против Ковид-19
Тирана, 1 ноември 2021 (МИА) - Албанија денеска почна со апликација на трета доза вакцина против Ковид-19 за лица над 60-годишна возраст, кои втората доза ја примиле пред шест месеци. Вакцинацијата со трета доза ќе се врши претежно со истата вакцина, која претходно ја примиле, но може да има и алтернатива. Исто така, од денеска може да се вакцинираат децата над 16 години и оние од 12 до 15 години, кои боледуваат од други болести и се со намален имунитет. Вакцинирањето на децата ќе се врши со дозвола на родителите. Одлука за тоа донесе Техничкиот комитет на експерти за справување со пандемијата на 22 октомври, а пред некој ден беше прифатена од Комитетот за имунизација. Комитетот посочи дека примената на третата доза од вакцината и вакцинацијата на децата се практики кои веќе ги следат и многу други развиени земји за да се спречи ширењето на опасниот врус. Во меѓувреме, вкупниот број на примени вакцини во Албанија е над 1,9 милиони дози. вт/ми/

Остани поврзан