• петок, 17 мај 2024

Во Албанија новата учебна година почна за 450 илјади ученици од предуниверзитетското образование

Во Албанија новата учебна година почна за 450 илјади ученици од предуниверзитетското образование

Тирана, 11 септември 2023 (МИА) – Во Албанија денеска почна новата 2023/2024 учебна година за околу 450 илјади ученици од предуниверзитетското образование, што споредено со последните шест години е за околу 57 илјади ученици помалку.

-Околу 70 илјади припаѓаат на градинките, околу 100 илјади се средношколци и 280 илјади основци. За првпат во училишните клупи седнаа околу 29 илјади деца што е приближно на истото ниво со минатата учебна година, јави Топ чанел.

Во воспитно образовниот процес вклучени се 31 илјада просветни работници, додека наставата се одвива во 1700 училишта низ државата.

Според Министерството за образование, учебната година ќе заврши на 14 јуни. Двенеделен одмор ќе има во декември, а за првпат се воведува и пролетен 7-дневен одмор, во првата недела од април.

Исто така, во текот на оваа учебна година ќе се гарантира поголема безбедност и заштита преку проектот „Безбедност во училиштето“, за да се спречи каква било опасност што може да им се појави на учениците а за што соодветна обука е спроведена за полициски службеници.

Шефот на државата, Бајрам Бегај, преку порака на социјалните мрежи на учениците и наставниците, но и на родителите им посака успех во нова учебна година.

-Успех во новата учебна година за секој ученик, наставник и родител во Албанија, а особено за сите оние ученици кои првпат седнуваат во ученичка клупа. Вашиот труд и посветеност денес ја градат утрешнината на Албанија, стои во неговата порака.

Среќен почеток и успех преку социјалните мрежи посака и министерката за образование во заминува Евис Куши, како и лидери на политички партии. вт/

Остани поврзан