• петок, 12 јули 2024

Во автобуска несреќа во Виетнам 13 загинати

Во автобуска несреќа во Виетнам 13 загинати
Ханој, 26 јули 2020 (МИА) - Тринаесет лица загинаа во сообраќајна несреќа во централниот дел на Виетнам кога автобус излетал од автопат и се превртел. Во несреќата има и повредени, пренесуваат виетнамските медиуми. Во автобусот имало околу 40 патници, кои се собрале да слават 30 години од матурирањето. Според преживеаните патници, возачот изгубил контрола над возилото, а најверојатно и  сопирачките на автобусот не функционирале добро. Од почетокот на годинава, во сообраќајни незгоди во Виетнам загинале повеќе од 3.200 луѓе. паг/

Остани поврзан