• петок, 17 мај 2024

Војнаровски: Адетокунбо сакаше да игра со Лилард

Војнаровски: Адетокунбо сакаше да игра со Лилард

Вашингтон, 28 септември 2023 (МИА) - Инсајдерот на „ESPN“, Адријан Војнаровски, зборувше за тоа што значи купувањето на Демијан Лилард за Милвоки.

 

Според извонредниот познавач на состојбите во НБА-лигата, лидерот на Милвоки бакс, Јанис Адетокунбо, бил многу заинтересиран да ги здружи силите со Лилард.

 

- Пред неколку години, Бакс го добија при трејд Дру Холидеј, го здружија со Јанис Адетокунбо и освоија шампионска титула. Сега го имаат Лилард, нивниот прозорец на можности е сè уште отворен. Јанис сакаше да игра со Лилард. Милвоки акумулираше средства, сакаше да склучи договор и на крајот го направи тоа, истакна Војнаровски.

 

Минатиот мај, Лилард, додека разговараше со навивачите на социјалните мрежи, напиша дека ако треба да избере играч кој ќе му помогне во плејофот, ќе го земе Јанис Адетокунбо. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан