• четврток, 26 декември 2024

Вотсон: САД го поздравуваат договорот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина

Вотсон: САД го поздравуваат договорот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина

Вашингтон, 19 март 2023 (МИА) - Портпаролката на Советот за национална безбедност на САД, Адриен Вотсон, денеска изјави дека САД го поздравуваат, како што наведе, „договорот за нормализација на односите“ меѓу Белград и Приштина.

Таа на Твитер напиша дека САД ги повикуваат двете страни што поскоро да почнат да ги спроведуваат своите обврски.

„Го поздравуваме договорот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија со поддршка на ЕУ и САД и ги повикуваме двете страни што поскоро да почнат да ги спроведуваат своите обврски“, напиша Вотсон. паг/

 

 

Остани поврзан