• недела, 22 декември 2024

Вонреден состанок на ЕЦЦАС поради ситуацијата во Габон

Вонреден состанок на ЕЦЦАС поради ситуацијата во Габон

Либервил, 1 септември 2023 (МИА) – Економската заедница на централноафриканските земји (ЕЦЦАС) на 4 септември ќе одржи вонреден состанок поради ситуацијата во Габон.

Претходно, ЕЦЦАС повика на враќање на уставниот поредок во земјата.

Воената хунта во Габон пред два дена соопшти дека ја презела власта и го ставила претседателот Али Бонго во домашен притвор, откако ги поништи резултатите од изборите, според кои Бонго доби трет мандат.

Земји-членки на ЕЦЦАС се Ангола, Бурунди, Камерун, Централноафриканската Република, Конго, Габон, Екваторијална Гвинеја, Демократска Република Конго, Руанда, Сао Томе и Принципе и Чад. ми/

фото:ЕЦЦАС лого

Остани поврзан