• четврток, 21 ноември 2024

Волстрит журнал: Синвар пред убиството одбил да го напушти Појасот Газа

Волстрит журнал: Синвар пред убиството одбил да го напушти Појасот Газа

Њујорк, 21 октомври 2024 (МИА) - Лидерот на Хамас, Јахја Синвар, кој беше убиен минатата недела во напад на израелската армија, претходно одбил да го напушти Појасот Газа и да го овласти Египет да преговара во име на Хамас за договор за ослободување на израелските заложници од палестинската енклава, наведува Волстрит журнал.

Според весникот, на Синвар ова му било понудено за време на една од фазите на преговорите за прекин на огнот, веднаш по нападот на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври минатата година.

-Не сум под опсада. Јас сум на палестинска почва, одговорол Синвар на предлогот на арапските посредници.

Како што напредуваше војната меѓу Хамас и Израел, Синвар, наводно, се помирил со фактот дека најверојатно ќе биде убиен, и предложил Хамас да избере совет на водачи што ќе управува во преодниот период по неговата смрт.

Волстрит журнал наведува дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на неговиот претходен премиерски мандат презел чекори за да бидат убиени Синвар и воениот лидер на Хамас, Мохамед Деиф, но бил одвратен од тоа. А и претходникот на Нетанјаху, Нафтали Бенет, во два наврата предложил убиство на Синвар пред падот на неговата влада.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан