• недела, 22 декември 2024

Волстрит журнал: САД ќе ја забрзаат испораката на 500 ракети пресретнувачи на Украина

Волстрит журнал: САД ќе ја забрзаат испораката на 500 ракети пресретнувачи на Украина

Вашингтон, 10 ноември 2024 (МИА) – САД во следните неколку недели ќе испратат повеќе од 500 ракети пресретнувачи во Украина, со што ќе се забрза испораката на воената помош што Вашингтон и ја дава на оваа земја разурната од војна, објави Волстрит журнал.

Повикувајќи се на неименуван функционер на Пентагон, весникот наведува дека пред претседателските избори во САД, на кои победи поранешниот републикански претседател Доналд Трамп, американската администрација се обидела да го обезбеди остатокот од својата помош за Украина до април.

Испораката на пресретнувачите за ракетниот систем „Патриот“ и модернизираниот напреден ракетен одбранбен систем земја-воздух (НЕСАМС) треба да ги задоволи потребите на Украина за воздушна одбрана до крајот на оваа година, пишува весникот, повикувајќи се на неименуван американски вработен.

Ројтерс не можеше да добие независна потврда на овие информации на Волстрит журнал.

Кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, украинското Министерство за одбрана, Пентагон и американскиот Стејт департмент немаат одговор на барањата за коментар од британската агенција.

Администрацијата на претседателот Џо Бајден во петокот соопшти дека ќе им дозволи на американските одбранбени изведувачи да работат во Украина за да го одржуваат и поправаат оружјето обезбедено од Пентагон, што е значителен напредок во политиката насочена кон помагање на Киев во борбата против Русија, наведуваат британските медиуми.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан