• четврток, 20 март 2025

Вокер нов рекордер според постигнати поени во ФИБА Лигата на шампиони

Вокер нов рекордер според постигнати поени во ФИБА Лигата на шампиони

 

Патра, 20 март 2025 (МИА) – Кошаркарот на грчкиот клуб Промитеас, Џордан Вокер, постави нов рекорд според бројот на постигнати поени во натпревар од Лигата на шампионите на ФИБА.

Американскиот кошаркар реализираше 54 поени, заедно со седум скокови, седум асистенции и индекс на корисност 58 на натпреварот против германскиот тим Вирцбург, кој неговиот тим го доби со 119:115 по две продолженија.

Вокер, кој му се приклучи на грчкиот клуб минатата година, сезонава има просек од 23,1 поени по натпревар во Лигата на шампионите на ФИБА, што го прави втор најдобар стрелец во натпреварувањето.

Со победата над Вирцбург, кошаркарите на Промитеас го забележаа првиот триумф во Топ 16 фазата од ФИБА Лигата на шампиони. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан