• понеделник, 23 декември 2024

Возрасните лица имаат право на бесплатно користење на Жичарницата

Возрасните лица имаат право на бесплатно користење на Жичарницата
Скопје, 26 мај 2022 (МИА) - Право на превоз без надомест, секој работен ден на Жичарницата, имаат возрасните лица (жени над 62 год, мажи над 64 год) со приложување на лична карта или пасош, деца без родители и родителска грижа до 18 год, како и деца до 6 години, информираат од ЈСП Скопје. Освен посочените категории лица, како што се додава во соопштението, право на бесплатен превоз по еден ден во неделата е дозволен за средношколците, учениците во задолжително средно образование и тоа во среда, а неопходно е да се легитимираат со ученичка книшка. -И студентите имаат право на бесплатен превоз, во четврток, со приложување на индекс или студентска легитимација. На децата без родители над 18 год, им следува 50 отсто попуст на редовната цена на билетот, додаваат од ЈСП Скопје. Жичарницата работи секој ден освен понеделник и секој последен вторник во месецот, од 10 до 20 часот. Во период од 19-19:30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19:45 часот е последно возење од врвот надолу. дма/ац/

Остани поврзан