• четврток, 27 јуни 2024

Воен авион се урна во Италија, загина британски пилот

Воен авион се урна во Италија, загина британски пилот
Рим, 16 март 2022 (МИА) - Воен авион се урна околу пладне во северна Италија, при што загина британски пилот, а друг е повреден, соопшти групацијата „Леонардо“. „Се случи воздушен инцидент со авион М-346 кој се урна во близина на Комо“, на северот на земјата, соопшти големата италијанска воздухопловна компанија. „Причините за несреќата не се познати. По интервенција на спасувачките екипи констатирана е смрт на еден од двајцата пилоти“, наведува компанијата, која ги потврди медиумските извештаи дека загинатиот пилот-инструктор бил британски државјанин, а другиот италијански. Според италијанските медиуми, несреќата се случила за време на пробен лет, со поаѓање од компанијата Леонардо во Венегон, Супериоре, пред авионот официјално да се предаде на италијанското воено воздухопловство.
Како што е наеведено, авионот се запалил и се урнал на врвот на планина, на надморска височина од околу 2.500 метри. И двајцата пилоти успеале да се катапултираат пред падот, но едниот загинал, а другиот се здобил со повреди и бил пренесен во болница. паг/
 

Остани поврзан