• недела, 01 февруари 2026

Водечкиот тандем до нови гостински победи

Водечкиот тандем до нови гостински победи

Скопје, 31.јануари 2026 (МИА) – Водечкиот тандем во МТЕЛ Супер кошаркарската лига ТФТ и МЗТ Скопје Аеродром остварија победи во денешните дуели од 13.коло. Лидерот ТФТ како гостин го совлада Работнички со 88:84, а решавачки беше вториот период кој ТФТ го доби со 23:13. Најефикасни кај победникот беа Стенли Дејвис и Виктор Ташковски со по 20 поени, додека кај Работнички Виктор Ефремовски и Роберт Рикиќ со по 24.

МЗТ Скопје Аеродром оствари гостинска победа 85:73 против Феникс, но отпорот на ривалот беше „скршен“ во последниот период. Мек Смит-Меквен од МЗТ Скопје Аеродром со 20 поени беше најефикасен, додека кај Феникс Дејшон Дисон реализираше 18.

На другите два дуела одиграни вечерва: Кожув – Тиквеш 78:79 и Чаир – Пелистер 99:107 по продолжение.

На вчерашниот дуел Гостивар – Ангели 94:65, а утре се игра дуелот Маџари – МКК Куманово.

Табела: ТФТ 25 бодови, МЗТ Скопје Аеродром 24, Пелистер 22, Кожув 20, МКК Куманово 19, Маџари 18, Работнички 18, Феникс 18, Тиквеш 18, Чаир 18, Гостивар 16, Ангели 14. мн/

Фото: МКФ

Остани поврзан