• понеделник, 23 декември 2024

Водата во Скопје безбедна и квалитетна за пиење

Водата во Скопје безбедна и квалитетна за пиење
Скопје, 25 октомври 2022 (МИА) - Водата во Скопје е безбедна и квалитна за пиење, покажува неделниот извештај на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. -Секторот за санитарна контрола во периодот од 17.10.2022 до 21.10.2022 зема 198 примероци за физичко-хемиска и 198 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 48 мерни места во град Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, информираат денеска од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. дма/са/

Остани поврзан