• сабота, 23 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Сите манипулации што Костадин Костадинов се обидува да ги протне во јавноста не поминуваат

ВМРО-ДПМНЕ: Сите манипулации што Костадин Костадинов се обидува да ги протне во јавноста не поминуваат
Скопје, 14 јануари 2020 СДСМ е партија водена од аболициран криминалец која што изминатите три години ги злоупотреби судството и обвинителството да ги претвори во продолжена рака за нивното погубно политичко дејствување. Сите манипулации што Костадин Костадинов се обидува да ги протне во јавноста не поминуваат. Зоран Заев го раководеше телото за реформи во судството и пред година велеше дека судството било отворено како пупка. Всушност тој оваа позиција ја искористи за да си обезбеди ослободителна пресуда во случајот „Поткуп“ и случајот „Пуч“. Докази дека судството и обвинителството се ставени под капата на Заев и СДСМ има многу. Нема никаква правна разврска за случајот во кој Заев јавно повикуваше на изборна корупција, нема никаква правна разврска за градоначалникот Курто Дудуш кој што затвори и тепаше граѓанин во неговата градоначалничка канцеларија. Нема никаква правна разврска за скандалот „Леонардо“ во кој што до гуша е заглавен генералниот секретар на владата, Драги Рашкоски. Нема никаква правна разврска за мафијашките пресметки по градските улици и хотели во Скопје. Нема правна разврска ниту за крвавиот тендер, ниту за „Рекет 2“, ниту за случајот „Инсулин“ и другите афери во кои директно се врзува и министерот Венко Филипче. Нема правна разврска за уште десетици други афери и скандали во кои што функционерите на СДСМ се вмешани. Од друга страна гледаме силување на правдата и политички прогон за сите оние кои се неистомисленици на Зоран Заев и СДСМ. Лицемерието на Костадинов и СДСМ ќе биде казнето на 12-ти април. По 12-ти април ќе почне обновата на Македонија и функционирањето на правото и правната држава. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан