• недела, 15 јуни 2025

ВМРО - ДПМНЕ: СДС и ДУИ преку нивните корумпирани измеќари, судии и обвинители, ја штитат мазут мафијата која направила криминал тежок 167 милиони евра

ВМРО - ДПМНЕ: СДС и ДУИ преку нивните корумпирани измеќари, судии и обвинители, ја штитат мазут мафијата која направила криминал тежок 167 милиони евра

Скопје, 7 мај 2025

 

Судиите и обвинителите избрани во Зајас и Струмица штитат криминалци.

Судиите избрани во Мала Речица ги штитат бизнис интересите на Али Ахмети и Заев.

Доказ за тоа е и Асмир Јахоски, кој излезе од притвор со гаранција во стан на фирма која дели иста адреса со фирмата на зетот на Али Ахмети.

Газдата на Пуцко Петрол излезе од притвор, а за Апелација гаранција се 2 милиони евра.

Јахоски е син на пратеник од ДУИ, со уште 13 лица е осомничен за злоупотреба на околу 170 милиони евра државни пари, за набавка на канцероген мазут со кој го загадувале воздухот.

Криминалците од СДС и ДУИ и нивните бизнис фаворити, како Јахоски, поради лукративни причини, провизии и бизнис зделки го труеле народот со канцероген мазут поради екстра профит и направиле огромен криминал.

Корумпираните судии и обвинители работат по насока на СДС и ДУИ и ги штитат  нивните блиски бизнис партнери, за да делат проценти и провизии меѓусебно.

Спрегата помеѓу правосудството, СДС и ДУИ мора да заврши, корумпираните судии да одговараат, а владеењето на правото и правдата да профункционираат.

Времето на криминалци во политиката заврши.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: МИА архива

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан