• четврток, 26 декември 2024

ВМРО - ДПМНЕ: Раководството од СДС и ДУИ во МЕПСО му испатило аванс од 1,8 милиони евра на фирма која пет години немала приходи

ВМРО - ДПМНЕ: Раководството од СДС и ДУИ во МЕПСО му испатило аванс од 1,8 милиони евра на фирма која пет години немала приходи

Скопје, 2 ноември 2024

 

За набавка на уредот за корекција на напоснки профил, раководството на МЕПСО поставено од СДС и ДУИ, на албанската фирма за штанцање на фактури за наплата, Шанси инвест му исплатило аванс од 1,8 милиони евра. Тоа е 20 отсто од вредноста на тендерот.

Шанси инвест пет години, во периодот од  2019 до 2023 година, немала никакви финаски приходи. Првите приходи кои ги остварила и тоа во вредност од само 18.000 денари, биле во 2023 година, за потоа веќе во следната 2024 година да го добие милионскиот тендер од МЕПСО.

Значи, МЕПСО под раководство лица од СДС и ДУИ,  на фирма која пет години немала никави приходи им доделуваат тендер од 10 милиони евра.

Освен што раководството од СДС и ДУИ во МЕПСО доделило јавна набавка на конзорциумот меѓу Шанси инвест и Далековод АД Загреб во вредност од неверојатни 10 милиони евра, тку и во договорот се договорило да исплати аванс од 20%, односно 1,8 милиони евра, на Шанси инвест, фирма која пет години немала ни денар приход.

Поврзаноста и намерата во добивањето милионскиот тендер од МЕПСО, се повеќе од потребни индиции за Јавното обвинителство да не чека и веднаш на отвори истрага и за истиот случај да следи одговорност.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: МИА архива

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан