ВМРО - ДПМНЕ: До кога ќе молчат Заев и Филипче за тоа дали поседуваат златни визи за Дубаи и колку милиони им се трансакциите во Дубаи?
- И по неколку дена сè уште молк од СДС дали Филипче исто како и Заев поседува златна виза во Дубаи и на кој начин ја стекнале истата. Дали Зоран Заев како инвеститор доби златна виза во Дубаи а со тоа и долгогодишен престој?

Скопје, 23 април 2025
И по неколку дена сè уште молк од СДС дали Филипче исто како и Заев поседува златна виза во Дубаи и на кој начин ја стекнале истата.
Дали Зоран Заев како инвеститор доби златна виза во Дубаи а со тоа и долгогодишен престој?
Дали Заев има отворено фирма во Дубаи и дали тоа е начинот на кој за себе и фамилијата си обезбеди живот во Дубаи?
Дали додека Заев гради згради од 50 спрата во Дубаи, Венко Филипче му ја чува фотелјата во СДС?
Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи?
Колку милиони евра однесе Заев и Филипче во Дубаи и од каде им се средствата? Дали тоа се средства од провизии и профит стекнат на криминален начин за време на ковид кризата?
Колку милиони спечалени врз грбот на народот и на штета на државната каса проневери и префрли овој тандем во Дубаи? Јавноста заслужува одговори на овие прашања.
Кланот Заеви во тандем со Филипче ја уништија и уназадија државата за свои лукративни причини додека го осиромашуваа народот.
СДС, Филипче и Заев се синоним за криминал, неспособност и предавства.
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Фото: МИА архива
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.